Актерката Лори Лафлин во паника поради затворската казна: „Ова е кошмар…“

Фото: Профимедиа

Американската актерка и ѕвезда од серијата „Полна куќа“, Лори Лафлин (56) е осудена на два месеци затвор, додка нејзиниот сопруг Масимо Џанули е осуден на пет месеци и тоа е официјалната пресуда поради нивната вмешаност во давањето на мито на колеџот на кој одат нивните две ќерки.

Фото: Профимедиа

Имено, Лори и Масимо се обвинети за измама и завера за перење пари. Актерката и нејзиниот сопруг се обвинети за давање на мито во износ од 500.000 долари со цел нивните ќерки да се запишат на Универзитетот во Јужна Каролина како веслачки, иако ниту една од нив не се занимава со веслање.

Фото: Профимедиа

Лори и Масимо се последните од низата славни родители кои се договорија да ја признаат вината за обвинението, а пред нив вината ја призна и актерката Фелисити Хофман, која се прослави во серијата „Очајни домаќинки“.

Затворската казна на Лори Лафлин официјално е во тек, а тоа искуство воопшто не и паднало лесно на 56-годишната ѕвезда.

– Нормално дека Лори се плаши да биде во затвор и едвај чека сето тоа да заврши, изјави извор близок на 56-годишната актерка.

Фото: Профимедиа

– За ништо не размислува, само сака сето ова да го остави зад себе и што е можно побрзо да тргне напред со својот живот. Ова е кошмар за кој мислела дека никогаш не може да се случи, додаде изворот.

– Она е прилично духовна жена која ја сака јогата, пилатесот и често медитира, па се трудеше да биде смирена и сето тоа што го правеше со цел да се подготви за затворот, заклучи изворот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот