Ако се скапи, енергетските проекти ќе ги градиме регионално или ќе привлекуваме странски инвеститори, вели Ковачевски

Струја, далноводи / фото: EPA-EFE / MARTIN DIVISEK

На регионалната конферецијата „Можности за инвестиции во ОИЕ на Западен Балкан” разговаравме за регионален пристап во справувањето со енергетската криза и обезбедување енергетска трансформација и енергетска сигурност на секоја од државите, но и на регионот во целина, изјави во Белград премиерот Димитар Ковачевски по завршувањето на конференцијата, на која учествуваше заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерите Еди Рама од Албанија, Дритан Абазовиќ од Црна Гора, Зоран Тегелтија од БИХ и инвеститори од Норвешка со претставник на норвешката Влада.

-Разговаравме за регионален пристап во справувањето со енергетската криза, меѓутоа и чекор подалеку, а тоа е него да обезбедиме енергетска трансформација и енергетска сигурност на секоја од државите, но и на регионот во целина. Енергетските проекти што треба да се прават, а што се однесуваат на нови гасоводи за снабдување со гас, на нови енергетски постројки заради изградба на нови централи, било да се од обновливи извори на енергија или гасни централи, сепак тоа се огромни проекти што една држава не може да ги финансира заради фискалните ограничувања коишто ги има секој од нив поединечно. Меѓутоа, со регионален пристап и со привлекување на инвеститори од странство, тогаш тоа се би било многу поизводливо. Ние сме во моментов и тука беше кажано, лидер во регионот во однос на инсталирање нови капацитети од обновливи и извори на енергија, пред се тука мислејќи на фотоволтаични централи и на ветерни централи. Така и ќе продолжиме. Кај нас веќе има проекти што се подготвени за инвестирање било да се во рамки на ЕСМ, било да се како проекти коишто се работат со странски инвеститори. И покрај тоа што можевме тоа да го споделиме со нашите колеги од регионот, исто така беше интересно и за инвеститорите од Норвешка, рече Ковачевски.

Околу оценката на Вучиќ дека е неопходно да се почне со формирање регионален пазар на извори на енергија, за да можат земјите од Балканот да си помагаат меѓусебно, имајќи предвид дека сите имаат различни можности и капацитети во тоа област, како и за можностите за договор меѓу Северна Македонија и Србија за гасната централа ТЕ-ТО, Ковачевски посочи дека работите се придвижуваат.

-Ако го погледнеме регионот од временска перспектива, денес и од пред пет години регионот е многу поразличен. Прво затоа што сите отворени прашања што постоеја помеѓу државите особено што се однесуваат на нашата држава, се решени со соседите. Второ што се наоѓаме во најголемата енергетска криза и се потврди во текот на минатата зима, и во целиот период до денес дека низ соработка со соседните земји можат да се решат проблемите во однос на снабдувањето со енергија и пред се во снабдувањето со храна, на што може да бидат сведоци сите граѓани во текот на изминатата зима, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот