Ако сакате да изгледате софистицирано по 50-та облечете се како Меланија Трамп: Точките секогаш се во мода! (ФОТО)

профимедиа

Претседателот на Америка, Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија денес го посетија споменикот посветен на војната во Кореја во Вашингтон.

Контроверзниот политичар и поранешната манекенка со потекло од Словенија, Меланија Трамп, денес во Вашингтон го посетија споменикот на починатите војници во Корејската војна. Денес навршија 70 години од завршувањето на војната во Кореја.

Претседателот на Америка и првата дама стоеа мирно покрај споменикот и така им одддоа почит на војниците кои го загубиле животот во битката. Тие ги поздравија и ветераните но и сите официјални лица кои се појавија на оваа свечена церемонија.

профимедиа

Првата дама на Америка, Меланија Трамп за оваа прилика облече миди фустан во темно сина боја со бели точки на закопчување во кој таа изгледаше елегантно и префинето, а изгледот го зачини со потпетици во бела боја.

профимедиа

Меланија Трамп има префинет моден вкус кој никогаш не може да остане незабележан, па доколку сакате да изгледате како вистинска дама, копирајте го нејзиниот стил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот