Ако патувате од аеродромот во Тирана во четврток и петок, бидете таму најмалку три часа пред полетувањето
Меѓународниот аеродром во Тирана, чии услуги ги користат голем број луѓе од Македонија, објави „итно известување“ за патниците кои треба да патуваат на 15 и 16 мај.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Раководството на аеродромот ги советува патниците кои ќе патуваат во споменатите два дена да се пријават на аеродромот најмалку три часа пред нивниот лет.
– На 15 и 16 мај Тирана ќе биде домаќин на Самитот на Европската политичка заедница, со учество на лидери од цела Европа. Поради безбедносни мерки и затворање на патишта се очекуваат застои и густ сообраќај. На патниците кои патуваат на овие датуми им се препорачува да планираат однапред и да се пријават на аеродромот најмалку три часа пред летот, пишува во известувањето.
На аеродромот во Тирана во првиот квартал од годинава регистрирани се 2.083.050 патници, или 9,1 отсто повеќе споредено со истиот период минатата година.
Освен албанските, услугите на аеродромот, во голем број, ги користат и македонските, косовските и црногорските граѓани.
Минатата година над 120 илјади македонски државјани пристигнале или отпатувале кон некоја од многубројните дестинации.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
30мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


