Ако не сте мотивирани за работа, можеби сте осамени – размислете за тоа!

И покрај тоа што сте беспрекорни во работните задачи и го организирате денот за една минута, сепак имате впечаток дека работата страда. Без грижа, не сте сами, бидејќи многумина како и вие се соочуваат со овој ист проблем во последно време

Авторот, водител и ТВ sвезда Џен Хетмaјкер вели дека причината не е недостаток на организациски вештини, туку чувство на осаменост.

Што ги поврзува осаменоста и продуктивноста?

– Кога луѓето имаат чувство дека припаѓаат некаде и дека ги сакаат, можат да напредуваат во секоја категорија. Но, и спротивното е точно. Ако луѓето се осамени, тие страдаат во секоја област и нивната продуктивност, чувството на оптимизам и посветоноста на работата опаѓа, вели Џен Хатмајкер.

Оваа изјава има смисла затоа што емотивната врска со заедницата и емотивната врска воопшто се две од деветте основни емоционални потреби. Како социјални суштества, ние негуваме чувство на припадност и поврзаност со другите за да бидеме и самите емотивно исполнети.

Кога станува збор за продуктивноста, постојат истражувања кои се поврзани со емоционалното задоволство. Така, една студија наведува дека осамените лица честопати се полоши во работата. Луѓето кои се чувствуваат изолирани се и помалку посветени на своите работни места, а тоа директно им влијае на нивните работни способности и продуктивноста.

Што можете да направите?

Осаменоста поради епидемијата е нова состојба, а се зголемува и социјалната изолација и се тоа влијае директно на нашата емоционална состојба. Покрај тоа работните задачи треба да се извршуваат беспрекорно, без оглед на се’но, менталното здравје е приоритет за секого. Ако почнете да се чувствувате преморени од работата, можеби продуктивноста не е нешто што треба да се најде на вашата приоритетна листа. Нешто што може да направите е да ја зголемите комуникацијата и дружењето на социјалните мрежи за почеток.

Разговор со видео повик

 

Најдете време за видео дружење со пријателите и колегите. Секако средбите во живо се незаменливи, но кога немаме избор дигиталните дружења се неопходни.

„Социјалната интеракција, дури и да е дигитална, може да ни помогне да се чувствуваме поврзани“, изјавија Честер Елтон и Адријан Гостик за Њујорк Тајмс.

Споделувајте слични интереси

Елтон и Гостик веруваат дека е важно да комуницирате со колегите и надвор од работната средина. Комуницирајте надвор од работата со колегите со кои имате заеднички интереси или хоби.

– Постојат многу начини да се забавувате преку Интернет. Испратете си списоци со книги за читање или рецепти за готвење. На овој начин, чувствуваме дека сите сме во иста ситуација заедно, истакна новинарката Лидија Денворт.

Бидете благодарни

– Изразувањето благодарност до колегите со кои споделувате секојдневни работни обврски може да биде одлична мотивација при зголемување на продуктивноста, велат Елтон и Гостик.

Затоа, изберете ден за испраќање на е-пошта или виртуелно заблагодарете им се на сите колеги кои работат со вас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот