Ако летувате во Грција, обрнете внимание на ОВИЕ сообраќајни правила

грција прекршок
Фото Слободен печат

Летувалиштата во северниот дел од Грција се многу популарни меѓу жителите на Балканот. Иако се туристички развиена земја, сепак поради еден сообраќаен прекршок може да се случи да не можете да ја напуштите земјата до понеделник.

Поради непрописно паркирање, се случува табличките на автомобилите да бидат отстранети и украдени. Во тој случај оштетениот не може да ја напушти земјата додека не се јави во канцеларијата каде се спроведува постапката во Солун.

Сепак, специфично е тоа што тие работат до петок до 16 часот и следно отвораат во понеделник наутро. Доколку ваква неволја ве снајде за викенд, ќе мора да чекате да дојде понеделник за да ви дадат записник со кој ќе можете да излезете од државата и да се вратите дома. Висината на казната изнесува помеѓу 25-80 евра.

Во Грција најказниво сообраќајно дело е возењето со прекумерна брзина. Но, она што туристите го забележале е дека на многу делници недостигаат сообраќајни знаци на кои е испишано ограничувањето, што е особено забележливо на Халкидики, односно кракот Касандра.

Исто така, по никоја цена не смеете да возите со влечалки за плажа, ниту пак со апостолки, па затоа дури и да возите од плажа до плажа, во возилото секогаш имајте резервни обувки за управување.

На крај, олеснителна околност е што полициски патроли во овие туристички места речиси и да нема или пак ги има премногу ретко, но тоа не е причина да ги прекршувате пропишаните закони.

Албанија, Црна Гора, Грција, Хрватска? Споредете ги цените пред да решите каде ќе летувате

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот