Ако јадете остатоци од ориз и тестенини може сериозно да се разболите: Еве што треба да знаете

Фото: Nadja M / Pexels

Иако многу луѓе редовно се држат настрана од сирово пилешко и мајонез кој стои надвор од фрижидер, бидејќи мислат дека така ќе го спречат труењето со храна, во кујната демне уште една опасност – остатоци од ориз.

Состојбата што произлегува од труење предизвикана од Bacillus cererus, бактерија која претставува ризик кога зготвената храна подолго време се остава на собна температура, често се нарекува синдром на повторно загреан ориз. Оваа бактерија може да предизвика напади на повраќање и дијареја (пролив).

– Станува збор за бактерија отпорна на топлина, таа ќе расте на повисоки температури – рекол за „Глобал њуз“ Џејсон Тетро, ​​микробиолог од Едмонтон и специјалист за нови патогени.

Тоа значи дека дури и ако го зготвите оризот, бактериите можат да преживеат.

– Причината поради која ова предизвикува загриженост е тоа што одредени видови на Bacillus cereus можат да создадат токсин. Постојат два вида токсини, едниот предизвикува дијареjа, а другиот повраќање, но и двата прават да се чувствувате навистина лошо – вели тој.

Bacillus cereus се наоѓа во сите средини. И додека честопати го вперуваме прстот кон оризот како главен виновник, оваа бактерија може да ги загади и тестенините, варениот зеленчук и месото.

Иако оваа болест која се пренесува преку храна не е нов феномен, таа неодамна предизвика голема врева на социјалните мрежи откако на Тик-ток повторно се појави децениски старата вест. Микробиолозите алармираат, користејќи платформи како Тик-ток за да ги потсетат луѓето на важноста од правилно готвење и складирање на намирници како што се оризот и тестенините.

 

@jpall20 This has to be some form of #naturalselection because idk how this isnt common sense #leftovers #spoiledfood #bacteria #foodpoisoning ♬ Spooky, quiet, scary atmosphere piano songs – Skittlegirl Sound


Првично објавено во 2011 година во „Журнал за клиничка микробиологија“, извештајот за случајот вели дека во 2008 година, 20-годишен маж од Белгија се разболел и починал откако изел оброк од остатоци од шпагети со сос од домати, кои биле подготвени пет дена претходно и стоеле во кујна на собна температура. Наодите од обдукцијата откриле присуство на бактерија B. cereus во остатоците, што укажува дека тоа е веројатна причина за смрт на инаку здрава личност, се вели во извештајот.

Зошто оризот е главен кандидат за развој на оваа бактерија? Неварениот ориз може да содржи спори на Bacillus cereus, кои може да опстојат дури и по готвењето.

– Расте од околу 5 Целзиусови до околу 60 Целзиусови степени. Но, проблемот со оваа бактерија е што создава спори, а тие спори се отпорни на топлина, што значи дека дури и ако случајно го зготвите оризот, ако спорите се таму, тие ќе овозможат бактеријата да никне или да расте кога ќе се врати на нормална температура – објаснил Тетро.

Тоа значи дека кога оризот ќе се врати на собна температура, во него се создаваат идеални услови за размножување на бактерии и произведување на токсини. И не треба долго време за да се размножат спорите. Според студијата од 2023 година објавена во „Фудс“, колонијата на B. cereus може да доживее „брз раст“ по шест часа „седење“ на температури кои се движат од 25 до 30 степени.

Студијата забележала дека оризот и јадењата на база на ориз често се вмешани во инциденти со труење со храна предизвикани од бактеријата B. cereus поради својата скробна природа и подложност на погрешно ракување во текот на складирањето и загревањето.

Тетро препорачува едноставен начин да се заштитите што е можно повеќе – кога ќе зготвите ориз, изладете го во рок од два часа по готвењето.

– По околу два часа, треба да падне под 60 степени Целзиусови. Кога ќе можете да го допрете без да носите ракавици, тогаш веројатно е добро време да го ставите во фрижидер – рекол тој.

Кога станува збор за оваа болест која се пренесува преку храна, може да поминат неколку дена за да се развијат бактериите. Сепак, ладењето на оризот на 4 степени треба да го спречи растот на бактериите. Тетро препорачува сварениот ориз да го чувате во фрижидер три до четири часа, а потоа да направите нешто свежо.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот