Акцизата нема негативен ефект врз транспортот – имаме најниска цена во регионот

– Тврдењата дека зголемувањето на акцизата ќе се одрази негативно на цените и дека ќе трпи транспортната, или другите дејности врзани за нафтените енергенси, се финансиски неоправдани и неосновани, велат од влада на РСМ.

Цената на горивата е најниска во последните десет години, и додавањето на акцизата нема никаков ефект врз транспортната дејност, се вели во денешното соопштение на Владата на РСМ.

– Го уважуваме демократското право на протест на сите граѓани во земјата, но ја информира јавноста дека цената на акцизата на нафтата не предизвика никаков ценовен шок, напротив, имаме најниска цена на нафта во регионот. Сите средства од зголемувањето на акцизата на нафтата одат во Буџетот за справување со коронавирусот за поддршка, за финансирање на мерки за поддршка на стопанството и за социјалните мерки за поддршка на граѓаните, стои во владиното соопштение.

Од таму посочуваат дека цената на акцизата е дефинирана врз основа на анализите кои покажаа дека промената на цената е незначителна во споредба со падот на цената на нафтата од јануари до сега кој изнесува повеќе од 20 денари за литар.

Од Влада велат и дека доколку се направи споредба на цената на дизелот изминатите 10 години на денешен датум, може да се забележи дека во 2020 година имаме најниска цена на дизел споредбено со сите години од 2010 година до денес и додаваат дека тврдењата дека зголемувањето на акцизата ќе се одрази негативно на цените и дека ќе трпи транспортната, или другите дејности врзани за нафтените енергенси, се финансиски неоправдани и неосновани.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот