Акционерите на „Фиат“, „Крајслер“ и „Пежо“ нема да поделат дивиденда

Побарувачката на клиентите за возила драматично опадна како резултат на вонредните мерки на пандемијата што ги воведоа владите ширум Европа и САД.

Поради напалената продажба на автомобили од почетокот на годинава како резултат на намалената побарувачка предизвикана од корона кризата управните одбори на автомобилските компании „Фиат“, „Крајслер“ и „Пежо” донесоа одлуки да не ја исплаќаат редовната дивиденда на своите акционери за 2019 година.

Здравствената криза ја турна глобалната автомобилска индустрија во најдлабоката депресија од финансиската криза 2008/09 година.

Побарувачката на клиентите за возила драматично опадна како резултат на вонредните мерки на пандемијата што ги воведоа владите ширум Европа и САД.

Двете компании, исто така, потврдија дека подготовките за нивно спојување напредуваат, кога станува збор за текот на постапките пропишани со антимонополските и други прописи, пренесуваат британските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот