Академина Пандев наскоро станува Брера Струмица, целта ќе биде излез во Европа

Фото: Brera Holdings PLC

Новите сопственици на македонскиот прволигаш Академија Пандев „Брера Холдингс“ кои пред околу еден месец купија 90% од акциите за 600.000 евра си ги поставија целите за новата сезона, а тоа е излез во Европа.

Извршниот директор на компанијата која излезе на њујоршката берза Насдак, Серџо Скалпели најави дека е пред крај ребрендирањето на клубот кој ќе го носи името Брера Струмица.

„Брера Струмица за нас претставува стратешки клуб и прв прволигашки клуб во Европа, јадрото на светскиот фудбал. Затоа нашите напори се да го вратиме клубот на водечките позиции“, изјави Скакпели.

Во Академија Пандев во очекување е иментувањето на новиот стратег откако Александар Васоски пред крајот на сезоната си поднесе оставка. По пристигнувањето на новиот предвовник секако ќе пристигнат и засилувања во летниот преоден рок.

Сезонава Академија Пандев обезбеди опстанок и одигра далеку послаба сезона откако во претходната беше македонски вицешампион. Единствениот трофеј во кратката историја на „пандевци“ е куп трофејот во 2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот