Се шпекулира дека со оваа надградба, новиот „Ајфон“ повторно ќе ѝ избега на конкуренцијата
Иако до претставувањето на новата генерација ајфони има уште неколку месеци, сè повеќе информации сугерираат дека „Ајфон 18 Про“ и „Ајфон 18 Про Макс“ би можеле да добијат едни од најголемите надградби на камерата во историјата на серијата.
Препорачано
Според најнов извештај на „Блумберг“, новите модели ќе понудат „едни од најзначајните хардверски подобрувања на камерата досега“, иако засега не се откриваат конкретни детали.
Неодамна се појавија гласини дека во оперативниот систем иОС 27 ќе биде додаден нов режим на работа на Сири, кој ќе користи визуелна интелигенција, како и нови алатки за уредување фотографии со помош на вештачка интелигенција.
Според досегашните неофицијални информации, главната камера на „Ајфон 18 Про“ би можела да добие променлива бленда – технологија што ќе им овозможи на корисниците подобра контрола врз фокусот и длабочината на полето, нешто што досега беше карактеристично за професионалните фотоапарати.
Се шпекулира и дека камерата ќе добие поширока бленда, што би требало да овозможи поквалитетни фотографии при зумирање и подобри резултати во услови на слаба осветленост.
Сепак, аналитичарите сметаат дека овие промени сами по себе не би биле доволни за да се опишат како „едни од најголемите надградби во историјата на серијата“, што отвора простор за можноста Епл да подготвува и други новитети кои сè уште не се откриени.
Засега компанијата не коментира ништо официјално, но според технолошките аналитичари, можно е во наредните недели да се појават дополнителни информации за новите камери.
Доколку гласините се покажат како точни, „Ајфон 18 Про“ би можел да донесе најголем скок во мобилната фотографија на Епл во последните неколку години и повторно да го подигне нивото на конкуренцијата на пазарот на премиум паметни телефони.
Скандал со Сири — „Епл“ ќе плати 250 милиони долари за лажно рекламирање


