Скендер Реџепи Фото: Фејсбук

Ахмети: Со Скендер Реџепи Скопје ќе има градоначалник кој ги слуша граѓаните и работи за сите

Претседателот на ДУИ Али Ахмети преку објава на Фејсбук потврди дека претседателот на Народно движење и пратеник Скендер Реџепи ќе биде кандидат за градоначалник на Скопје од Европскиот фронт.

„Неговата кандидатура претставува не само единство на прогресивните сили на Албанците во Северна Македонија, туку и јасна алтернатива на Скопје, град кој заслужува еднаков развој. Националната алијанса за интеграција убедена е дека со Скендер Реџепи – Зејд, Скопје ќе има градоначалник кој ја знае реалноста, ги слуша граѓаните и работи за сите“, напиша Ахмети на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот