Ахмети разочаран: Сега средба нека свикаат оние кои не дојдоа

Изразувам жалење и длабоко разочарување поради тоа што не дојдоа албанските политички парламентарни партии на толку важен и историски ден, 13 август, денот на Охридскиот договор, рече лидерот Али Ахмети, откако на закажаната средба не се појавија лидерите на албанските политички партии.

Целта како што кажа Ахмети е да се заблагодари за унапредувањето на статусот на Албанците, а не за да ја добие нивната поддршка за идејата за премиер Албанец. Како што вели, веќе нема да свикува тркалезна маса и посочи дека сега албанска тркалезна маса нека организираат оние кои не дојдоа на средбата.

-Сега нека ја свикаат оние кои не дојдоа. Не е оправдување времето или некаков недостаток што тие не нашле време за да ги направат потребните анализи. Јас не можам да изготвам политичка платформа околу тоа како ДУИ гледа на нештата, туку на тркалезната маса треба да се одредат темите за кои тие сакаат да разговараат, рече Ахмети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот