Африкански куп на нации: Мароко и Сенегал во четвртфинале

Африкански куп на нации/ фото: EPA-EFE/FOOTOGRAFIIA

Фудбалските репрезентации на Мароко и на Сенегал обезбедија пласман во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации. Мароко со 2:1 го совлада Малави, додека Сенегал триумфира над Зеленортските Острови со 2:0.

Малави поведе во седмата минута по необичниот гол на Мханга, но Мароко со пресврт ја оправда фаворитската улога. Прво, напаѓачот на Севиља, Јусеф Ел-Несири во судиското продолжение од првиот дел донесе израмнување, за во во вториот дел Ашраф Хакими со одличен удар од слободен удар да донесе триумф за својата репрезентација.

Сенегал ја искористи предноста од двајца играчи повеќе на теренот по црвените картони на Андраде и на голманот Возиња и славеше со 2:0 над Зеленортските Острови.

Головите за Сенегал ги постигнаа Садио Мане во 61 и Бамба Диенг во 90 минута.
Сенегал во четвртфиналето ќе игра против победникот од дуелот помеѓу Мали и Екваторијална Гвинеја. Мароко пак го чека подобриот од мечот Египет – Брег на Слонова Коска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот