Адвокатската комора тврди дека не добила допис од Коцевски, кога ќе добие ќе излезе со став
Адвокатската комора досега не добила допис од јавниот обвинител Љупчо Коцевски, а со свој став околу неговите тврдења ќе излезе откако ќе го прими дописот.
Препорачано
Во врска со дописот од 10.10.2025 година на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија дека писмено ја известил Адвокатската комора на Република Северна Македонија во врска со кривичниот предмет за пожарот во дискотеката Кочани, ја информираме јавноста дека таков допис не е добиен во Адвокатската комора. По приемот на дописoт, Комората ќе ги разгледа наводите и основаноста на истите во дописот и за тоа ќе излезе со официјално соопштение и став, соопштија денеска од Адвокатската комора.
Јавниот обвинител на Република Македонија Љупчо Коцевски вчера испрати писмо со реакција до претседателот на Адвокатската комора Љубомир Михајловски во кое во име на Обвинителството најостро реагира за како што вели – начинот на кој дел од адвокатите јавно го коментираат поднесеното обвинение за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ и однапред изнесуваат како што се додава во писмото – неосновани очекувања во однос на траењето на судската постапка, без воопшто да се запознаени со содржината на обвинението, доказниот материјал или планираната динамика на Судот за одржување на рочиштата.


