Адвоката на семејството за N1: Коста првпат кажа дека се кае за сѐ што сторил

Фото Слободен печат

Момчето К.К. кој го изврши масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“, кога беа убиени десет лица, изразил каење за стореното, изјави за N1 адвокатката на неговиот татко Ирина Боровиќ.

К.К. бил сослушан преку видеоврска како сведок во постапката што Вишото јавно обвинителство ја води против неговиот татко Владимир К.. Обвинителството се сомнева дека таткото го обучувал синот да ракува со огнено оружје и муниција носејќи го во стрелачкиот клуб да вежба гаѓање цели со огнено оружје.

Адвоката Боровиќ за N1 изјавила детето детално било испрашано и во изјавата го потврдил она што претходно го изјавил таткото, за начинот на чување на оружјето со кое е извршено масовното убиство.

„Тринаесет годишниот К.К. денеска изрази каење за тоа што го направи“, изјави адвокатката Боровиќ.

К.К. На 3 мај изврши масовно убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“.Убиени беа осум ученици и чуварот. Едно девојче почина неколку дена подоцна, со што конечниот број на загинати се искачи на десет.

Момчето во моментот на делото имше 13 години и не може кривично да одговара. Се уште е сместен во здравствена установа, од каде најчесто и преку видео линк му се извршуваат прегледи.

Против неговиот татко Владимир К. се води кривична постапка поради сомнение дека сторил тешко кривично дело против општата безбедност.

извор : N1info.rs

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот