„Адриа Тур“ беше голема грешка, и Троицки позитивен на корона

виктор троицки на адриа тур/EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Како што пренесува српски „Курир“, уште еден тенисер е позитивен на коронавирус. Станува збор за Виктор Троицки кој учествуваше на „Адриа Тур“ во Белград. Откако вчера се дозна дека Григор Димитров е позитивен на ковис-19, Троицки веднаш се тестирал и неговиот наод е позитивен.

Српскиот тенисер викендов се повлече од турнирот „Источна Европа“, кој го организира поранешниот тенисер Јанко Типсаревиќ притоа објавувајќи дека причината е повредаа, но очигледно е дека станува збор за коронавирус.

Србинот е трет тенисер од „Адрија Тур“ по Григор Димитров и Борна Чориќ, кој е заразен од вирусот, а позитивни се уште и тренерите на Бугаринот и на Новак Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот