„Аџибадем Систина” стави на располагање на граѓаните 27 респиратори

Во моментов нашата болница располага со 27 најсовремени респиратори и тоа педијатриски, адултни и транспортни, информираат од „Аџибадем Систина”.

Во услови на алертна состојба со вирусот Ковид-19, Клиничката болница „Аџибадем Систина”, заедно со сите свои 1.000 вработени лица, се става на располагање со сите свои слободни капацитети на граѓаните на државава, кои се засегнати од овој вирус, а по потреба и претходен договор со Министерството за здравство.

-На располагање се ставаат и сите слободни апарати за механичка вентилација односно респиратори. Во моментов нашата болница располага со 27 најсовремени респиратори и тоа педијатриски, адултни и транспортни, информираат од „Аџибадем Систина”.

Оттаму порачуваат да се следат препораките за заштита и превенција од Ковид 19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот