Ацевски ја праша потпретседателката на ЗНАМ: Нашите идеи и ставови се членство во ЕУ до 2030 година, кои се вашите?

Костадин Ацевски, директор на ЈП Македонија пат / Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Не верувам дека во духот на Крушевскиот манифест е гилотината. Присуствувавте на такви простести против „Францускиот предлог’, на кои имаше гилотината. Вие тогаш имавте став дека дека е повредена самосвеста за националната припадност на македонскиот народ. Присуствувате на протести против предлог кој стана европски предлог, отпочна скринингот, се потпиша Договорот со ФРОНТЕКС на македонски јазик, се заштити македонскиот идентитет, македонскиот јазик стана официјален јазик во ЕУ, имаме декларација за заштита на македонскиот јазик и културниот идентитет во германскиот парламент, и се обрати Костадин Ацевски, член на Извршниот одбор на СДСМ и директор на ЈП „Македонија пат“ на Весна Бендевска, потпретседателаката на ЗНАМ, во емисијата „24 Анализа“ на ТВ 24.

Тој додаде дека нивни идеи и конкретни ставови се членство во ЕУ до 2030 година, преку уставните измени, со внесување на бугарското малцинство во преамбулата на Уставот, со што де факто, ќе се разбие тезата што ја има бугарската држава за еден народ – две држави, што е во прилог на заштита на македонскиот идентитет.

Што конкретно ќе направи ЗНАМ ако влезе во извршната власт? Имате ли вие гаранции и до кога ќе го остварите принципот на реципроцитет или заедно со вашиот коалиционен партнер ќе кажете дека 100 години ќе чекаме. Ако имате план, капацитет и знаење, претставете го да го слушнеме, можеби и ние ќе го прифатиме – ја праша Ацевски својата колешка од ЗНАМ.

Тој се осврна и на Договорот за Фронтекс кој е потпишан на македонски јазик од сите членки на ЕУ, вклучително и Бугарија, а ја праша Бендевска за плановите на ЗНАМ.

– Реципроцитетот што вие ќе го остварите , кога ќе го претставите планот, вие кажете како со внесување на Црногорците, Хрватите и Бугарите ќе се загрози македонскиот идентитет и македонската историја и де факто конечно ќе се разбие таа теза која ја прокламираат некои од соседната држава за „еден народ во две држави“. Кои се вашите планови, дали ќе ги презентирате пред или по избори – праша Ацевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот