АБА2 лига: МЗТ Скопје поразен од Хелиос Домжале!

фото: druga.aba-liga.com/Petr Stojanovski

МЗТ водеше после првото полувреме со 47:39, но противникот успеа да ја анулира негативата, и воедно да направи целосен пресврт за триумф.

Денеска во рамките од 18. коло во АБА2 регионалната лига составот на МЗТ Скопје Аеродром загуби во СЦ „Јане Сандански“ со резултат 85:89 (21:23, 26:16, 18:28, 20:22) Хелиос Домжале.

Вечерашниот меч помеѓу МЗТ и Хелиос почна со минута молчење во чест на легендата на македонската кошарка, Благоја Георгиевски – Буштур кој загина во сообраќајна несреќа.

МЗТ водеше после првото полувреме со 47:39, но противникот од Словенија успеа во второто полувреме не само што успеа да ја анулира негативата, туку и да направи целосен пресврт за триумф.

Кај домаќините најефикасни беа Хиндс со 18 поени (шест асистенции) и Стојановски со 17 поени, а на спротивната страна 29 поени (девет скокови) забележа Хиршман, 24 поени беа дело на Коњевиќ.

Ова е вкупно шести пораз (втор по ред) за играчите на тренерот Ѓорѓи Кочов во регионалното натпреварување за моментно во второ место со 30 бодови, четири помалку од водечкиот Борац.

Наредниот дуел популарните „штркови“ ќе го имаат на 6 февруари на гостувањето кај Широки Бријег, босанската екипа е третопласирана во генералниот пласман со 28 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот