ВИДЕО | Урнебесна реакција: И на Гвардиола не му се верува колку Халанд е добар

Фото: Screenshot

Како да не постојат граници за неверојатниот Ерлинг Халанд, младиот Норвежанец игра во страшна форма и се заканува да ги сруши сите можни голгетерски рекорди.

За едно полувреме против Копенхаген во Лигата на шампионите вечерва постигна два гола. Колку Халанд е неверојатен најдобро зборува и реакцијата на Пеп Гвардиола после еден од погодоците на неговиот напаѓач.

 

Првиот гол Халанд го постигна уште во седмата минута и тоа со неговиот прв допир со топката на натпреварот, а вториот во 32. минута од натпреварот.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот