7,4 милијарди швајцарски франци на Руската централна банка се блокирани во Швајцарија

Швајцарски франци/ Фото: Zoonar GmbH / Alamy / Alamy / Profimedia

Средствата и резервите на Руската централна банка (РЦБ) во вредност од околу 7,4 милијарди швајцарски франци (близу 7,6 милијарди евра) се блокирани во Швајцарија од руската инвазија на Украина.

Ова денеска го соопшти економското министерство на алпската земја, цитирано од Франс прес и БТА. Трансакциите поврзани со управувањето со резервите и средствата на Руската централна банка се забранети од 25 март 2022 година. Во моментов во ЕУ се водат дискусии за можната употреба на средствата на РЦБ за инвестициски цели и за реконструкција на Украина.

„Швајцарија внимателно ги следи овие дискусии“, нагласува одделот. Швајцарија, која е традиционално неутрална, одлучи да се приклучи на санкциите на ЕУ против Русија, обврзувајќи ги банките да ги предадат информациите за засегнатите клиенти и компании, потсетува АФП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот