70 отсто од оризот стои во амбарите, земјоделците се гневни

Ориз / фото: Сител / скриншот

Оризот од годинашната реколта остана во амбарите – производителите велат дека откупувачите не се заинтересирани за откуп на оризовата арпа, ниту за белиот ориз. Незадоволни се што не се почитува договорот за откупната цена постигнат лани во ноември, пренесува „Сител“.

– Нема откупено еден килограм ориз, што значи дека манипулираат сите со нас, изјави Здравко Арсов, оризопроизводител

Откупната цена на оризовата арпа во моментов е 28 денари за килограм.

– Проблемот е што граѓаните не јадат евтин ориз. На пазарот се продава по 120 денари. Граѓаните мислат дека оризот има цена, но нема за нас, има за нив (откупувачите) и трговците, вели Коце Ангелов.

Ниската откупна цена, според оризарите, се должи и на увезениот поевтин ориз од земјите на далечниот Исток.

– Од тие причини настана овој проблем есента, да имаме огромна количина на ориз и секогаш кога се судрат реколтите од претходната и годинашната доаѓа до криза на пазарот, односно паѓа цената, изјави оризопроизводителот Стојче Ташков.

Министерот за земјоделие Цветан Трипуноски изјави дека состојбата будно се следи и дека ќе интервенираат во регулирање на состојбата на пазарот, преку откуп на ориз за државните резерви.

– Министерството, односно, Владата ќе набави за потребите на стокови резерви оризова арпа. Ова се прави за прв пат и ќе значи помагање во целата ситуација и регулација во делот на пласманот на оризовата арпа, изјави Цветан Трипуновски, министер за земјоделие

Според проценките, на оризарите во амбарите им стојат околу 29 000 тони оризова арпа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот