7 интересни факти кои не сте ги знаеле за замокот Виндзор: Најстариот и најголемиот постојано населен замок во светот

Фото: EPA-EFE

Изграден во XI век по инвазијата на Норманите, англискиот замок Виндзор е најстариот и најголемиот перманентно населен дворец на светот. За време на изминатите 900 години бил дом на 39 монарси, а воедно е и место за кралските венчавки, меѓу кои беше и последната, онаа на принцот Хари и Меган Маркл на 19 мај 2018 година.

Погледнете неколку работи кои можеби не ги знаеле за официјалната резиденција на британското кралско семејство;

Дом е на најголемата и најдетална куќичка за кукли

Направена за кралицата Марија во 20-тите години на минатиот век, куќичката за кукли која се наоѓа во замокот Виндзор е најголема и најдетална минијатурна куќа во светот. Имено, куќичката содржи илјада предмети кои ги направиле истакнати уметници, дизјанери и занаетчии. Од соба за слуги, библиотека, тоалет, лифтови до салон и трпезарија за високо друштво, ниту еден детаљ не е испуштен, а сето тоа во размер 1:12.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Windsor Castle (@windsor.castle)


Има огромна кралска библиотека

Ако сакате да прочитате сочни детали од дневникот на кралицата Викторија или приватни писма на кралот Џорџ III, ќе ги најдете во кралската библиотека во замокот Виндзор. Библиотеката содржи повеќе од 200 илјади предмети, вклучително и колекција на книги од повеќе монарси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Windsor Castle (@windsor.castle)


Дом е на многу стари професии

Освен што е дом на кралското семејство, Виндзор исто така е и работно место на многу библиотекари, историчари на уметност и туристички водичи кои се грижат за уметничките дела. Меѓутоа, околу 150 луѓе живеат во дворецот за да му помагаат на кралското семејство да… живее! И многумина од нив имаат прилично „застарени“ професии. Така на пример, има луѓе кои се задолжени за одржување на преку 300 камини, како и часовничари кои се грижат за 379 часовници во дворецот. Виндзор е и дом на бројни батлери, безброј слуги, неколку златари, па дури и стјуарти кои со линијар ги мерат чиниите пред секој важен оброк.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Windsor Castle (@windsor.castle)


Никогаш не бил бомбардиран

Замокот Виндзор никогаш не бил бомбардиран бидејќи кружеле гласини дека Адолф Хитлер сакал да го претвори во негов британски дом. Кралското семејство ја искористило оваа информација, па останало да се крие во замокот. Прозорците биле затемнети, лустерите тргнати, а спалните соби армирани. Жените, вклучително и идната кралица Елизабета II, спиеле во занданите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Windsor Castle (@windsor.castle)


Успешно бил одбранет од неколку напади

Замокот Виндзор пред сѐ е тврдина, и како што се покажало – прилично силна. Порано, стражарите ги одбивале натрапниците со каскади врело масло и тешки камења. Во 1200 година, за време на Баронсовата војна, замокот Виндзор успешно се изборил со двомесечна опсада. Во годината 1400, откако кралот Хенри IV го соборил Ричард II, Виндзор повторно бил нападнат. Меѓутоа, ни тоа не завршило добро за напаѓачите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Windsor Castle (@windsor.castle)


Презимето на кралското семејство е дадено по замокот

Кралското семејство ретко го користи своето презиме (веројатно затоа што за тоа и нема потреба – кога некому би му се претставиле како кралица Елизабета II, има ли потреба да нагласувате за кој се работи?). Меѓутоа, пред 1919 година, презимето на кралското семејство било Сакс-Кобург-Гот (Saxe-Coburg-Goth) од бракот на кралицата Викторија и принцот Алберт, роден Германец, склучен во 1840 година, по што Викторија владеела како последен монарх од куќата Ханофер.

Името било променето во времето кога Обединетото Кралство војувало со Германија.

„Семејното име се променило поради антигерманските чувства за време на Првата светска војна, а името Виндзор е преземено од истоимениот дворец“, се наведува во официјалната историја на кралското семејство.

Кралицата Елизабета II беше четврти монарх од Виндзорови откако нејзиниот дедо Џорџ VI ја вовел промената која на членовите на семејството им овозможила да го користат презимето Виндзор, иако тоа ретко го прават.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Windsor Castle (@windsor.castle)


Принцот Филип, починатиот сопруг на кралицата, исто така го променил своето презиме за време на Првата светска војна бидејќи неговиот дедо, принцот Луј од Батенберг, го презел семејното име Маунтбатен.

Со години е дом на кучињата корги

Коргите беа присутни во опкружувањето на кралицата Елизабета II за време на целиот нејзин живот. Од 1945 година имала над 30 корги и повеќето биле потоимци на кучето по име Сузан, кое кралицата Елизабета II го добила за својот 18-ти роденден од родителите. Повеќе од 7 децении, кралицата била во друштво на кучиња од оваа раса. Нејзиниот омилен 13-годишен пес Холи бил успиен поради болест во октомври 2016 година. Сепак, кралицата тогаш одлучила дека не сака нови четириножни пријатели кои би ја пополниле празнината оставена од Холи, затоа што не сакала потоа да ги напушти своите сакани миленици кога еден ден ќе дошол и денот кога и неа ќе ја немало.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот