Сведокот Камчев си ги бара назад 1,5 милиони евра што ги платил за да не го гони СЈО

Осомничениот во случајот на СЈО „Империја“ Орце Камчев, кој му дал поткуп од еден и пол милион евра на Бојан Јовановски-Боки 13 за да влијае кај Катица Јанева да се запре истрагата против него, нема да одговара, и покрај тоа што не пријавил навреме за тие пари да бидат обележани. И покрај тоа што се одговара еднакво за примање и давање поткуп, Обвинителството за организиран криминал и корупција, во случајов нема да го гони Камчев, кој е сведок во нивната истрага „Рекет“, објави СДК.мк.

Првин дал поткуп за да не биде кривично гонет зашто наводно немал каде да пријави, а потоа стекнал доверба во премиерот Зоран Заев и кај него пријавил. Тоа го сторил откако поткупот покажал ефект и пасошот му бил вратен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот