5 работи што ги имала секоја југословенска куќа: Без ова не сме можеле да го замислиме животот! (ФОТО)

профимедиа

Секое време носи нешто свое на сите полиња, па дури и кога станува збор за предметите кои ги чуваме во домот како најголеми скопоцености и одраз на статусот, личниот стил…

Кога станува збор за уредувањето на ентериерот и предметите за кујната и домаќинството, сè се промени.

Некогаш една куќа не можеше да се замисли без овие 5 работи!

1. Познатиот зелен креденец

Стоеше на највидливото место во кујната или дневната соба и во неговиот стаклен дел се изложуваа најубавите садови кои ретко се користеле. Сите домаќинки биле луди по него и сакале да го имаат во својот дом.

2. Сет садови кој за домашните бил строго забранет за користење

Секоја куќа имала барем еден сет шолјички, чаши или чинии кои се чувале (Бог знае зошто). Обично не се ни допирале, бидејќи постојано се чувале за некоја специјална прилика која всушност никогаш не била толку специјална.

3. Бокал

Некогаш беше потполно незамисливо да се послужи густ сок од тетрапак или да се носи чашата во кујната па од чешма да се сипува вода. На масата секогаш стоеле порцелански или керамички бокали со убави, главно цветни или овошни дезени.

Подоцна ги замениле стаклените бокали, кои често доаѓале во пакет со чаши со идентична шара.

4. Теписи со карактеристични шари

Дневната соба, како и сите останати, не можеле да се замислат без теписи од ѕид до ѕид, главно црвени или зелени, со шарени мотиви кои ни будат носталгија…

5. Кристална вазна (или барем имитација)

Вазните, украсните садови и кутивки кои биле или изгледале како да се направени од кристал биле најпосакуваниот подарок. Не би сакале да ви бидеме во кожа доколку тогаш сте биле дете и сте скршиле токму ваков сад во домот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот