2МФЛ: Вардар во првото коло со Кораби, а Силекс му гостува на Кадино

Вардар им се заблагодарува на сите добронамерни, потврдувајки ја зацртаната цел на клубот за враќањето на старите позиции/Фото: fkvardar.mk

Денеска со жрепка се дознаа паровите од новата натпреварувачка сезона 2021/2022 во Втората лига Запад и Втората лига исток. Сезоната официјално ќе стартува на 25 август од 16.00 часот.

Вардар кој за првпат ќе биде дел од второлигашкото друштво, на стартот ќе му гостува на составот на на Кораби од Дебар.

И Силекс, кој трипати беше шампион на Македонија, и има амбиции да се врати наредната година во Првата лига.

Клубот од Кратово во првото коло од 2МФЛ Запад ќе игра на гостински терен против Кадино. Во другите мечеви се среќаваат Тетекс – Велешта, Гостивар – Воска Спорт и Охрид Лихнидос – Беса 1976.

Во продолжение погледнете ги и двојките од првото коло во Втората лига Исток: Тим Локомотива – Кожуф Гевгелија, Детонит Јуниор – Беласица, Победа – Кит Го,  ГФК Осогово – Саса и Слога 1934 – Братство 07. Целиот распоред на натпреварите во 2МФЛ Запад и 2МФЛ Исток за сезоната 2021/2022 можете да го погледнете ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот