280 тони мртви риби отстранети од Пагасетичкиот Залив по еколошката катастрофа
Во грчкиот град Волос, надлежните привршуваат со расчистување во Пагасетичкиот Залив, откако отстранија речиси 280 тони мртви риби, по еколошката катастрофа која се случи. Сепак, на сила останува забраната за пливање на плажите во околината, пренесува „Катимерини“.
Препорачано
Заменик-гувернерката Ана Марија Пападимитриу рече дека пристаништето, плажите и крајбрежјето околу Волос се исчистени, а областа се враќа во нормала.
Забраната ќе трае додека не излезат и конечните резултати од тестовите за вода, но наскоро може да биде укината. Забраната го опфаќа крајбрежјето од плажата Агрија до Агиос Георгиос. Туризмот, трпезаријата и рибарската индустрија претрпеа значителни економски загуби за време на кризата.
Речиси една недела во тек е чистењето на крајбрежјето во заливот Пагаситикос поради милионите слатководни мртви риби што од езерото Карла се излеаја во морето.
Мештаните беа особено загрижени поради глетката од илјадници мртви риби и силната и непријатна миризба што се ширеше и се уште се шири низ околината, дополнително поттикнувајќи стравови за потенцијалните опасности по здравјето и животната средина.


