21 новозаболен од Ковид-19

epa08400407 A medical professional wearing a protective suit shows a vial for the delivery of the sample taken for the coronavirus test at the mobile testing unit operated by Semmelweis Medical University in the parking lot of a supermarket in Solymar, Hungary, 04 May 2020. Four Hungarian medical training schools have begun the screening of some 18 thousand people as a representative statistical sample to get exact figures concerning the spread of the coronavirus in Hungary. EPA-EFE/TAMAS KOVACS HUNGARY OUT

Во изминатото деноноќие не се регистрирани починати пациенти како последица на ковид-19.

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти во: Скопје-7, Куманово-2, Прилеп-2, Велес-2, Гостивар-1, Крива Паланка-1, Пехчево-1 и Берово-1.

Во изминатото деноноќие не се регистрирани починати пациенти како последица на ковид-19.

Во последните 24 часа направени се 258 тестирања, а регистриран е 21 нов случај на ковид-19 и тоа во: Скопје-12, Куманово-3, Штип-1, Тетово-5.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1999, бројката на оздравени пациенти е 1439, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 447. Последната дистрибуција по градови е:

•    Скопје – 725, активни 204
•    Куманово – 436, активни 35
•    Дебар – 51, активни 0
•    Штип-41, активни 6
•    Прилеп –210, активни 46
•    Тетово – 177, активни 82
•    Струга – 75, активни 8
•    Велес – 127, активни 41
•    Битола –28, активни 7
•    Охрид –23, активни 8
•    Кавадарци – 5, активни 0  
•    Гостивар –21, активни 3
•    Гевгелија – 4, активни 0
•    Струмица – 3, активни 1
•    Крива Паланка- 6, активни 0
•    Радовиш – 4, активни 0
•    Крушево – 3, активни 0
•    Кочани – 31, активни 0
•    Пробиштип – 2, активни 0
•    Кичево – 2, активни 0
•    Неготино -10, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
•    Демир Хисар – 1, активни 0
•    Македонски Брод – 2, активни 0
•    Пехчево- 3, активни 0
•    Делчево-1, активни 0
•    Валандово -1, активни 0
•    Виница – 3, активни 1
•    Кратово-2, активни 1
•    Берово-1, активни 0
•    Свети Николе-1, активни 1

Направените 258 теста се преку: ИЈЗ –193, Ветеринарен ф-тет -0, Авицена –0, Биотек -57, Филип Втори (Жан Митрев) –0, Систина со PCR метода -1  и МАНУ -7.  Досега во земјата се направени вкупно 25528 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 13 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 3 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 54 пациенти. На кислородна поддршка се 20, на механичка вентилација се 3 пациенти.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 5 нови, а вкупно хоспитализирани 21 пациент. На респиратор се 6, a со потешка клиничка слика се уште 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 4 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 7 пациенти, на домашно лекување се следи 1 пациент. На ифективните одделенија во Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани  41 пациент- позитивни и сомнителни на ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот