1МФЛ: Дерби со различни амбиции, Шкендија домаќин на Вардар

Фото: ФК Шкендија

Денеска продолжуваат возбудувањата во Првата македонска лига со натпреварите од 20 коло, дербито е во Тетово, Шкендија го пречекува Вардар.

Во саботата се одигра првиот меч од лигашката рунда, Работнички ремизираше против составот на Силекс.

Од 14.00 часот играчите на Ернест Ѓока ја имаат фаворитската улога против тимот на Никола Илиевски. Тетовските „црвено-црни“ сезонава имаат одлични резултати кои водат кон нова шампионска титула, тоа го докажаа и лани во првиот меѓусебен меч токму против Вардарци славејќи со 1:5. Последен пат Вардар славеше во Тетово во сезоната 2016/2017 со резултат 0:2.

Ново дерби во кое сега амбициите се различни, Шкендија атакува на освојување на трофејот, а Вардар со цел да преживее и кој во изминатиот период се соочи со финансиски проблеми. Џиџи во составот има спој на младост и искуство, да биде што порамноправен против секој ривал.

Во истиот термин од 14.00 часот на останатите четири меча Пелистер е домаќин на Ренова, потоа Беласица ќе ги одмери силите со Струга Трим Лум, Македонија ЃП ќе игра против Борец, а Шкупи на теренот на ФФМ се соочува со Академија Пандев.

Моментно како изгледа табелата во шампионатот: Шкендија 42 бодови, Шкупи 36, Македонија ЃП 34, Струга Трим Лум 29, Работнички 28, Вардар 26, Борец 25, Силекс 23, Пелистер 19, Ренова 19, Академија Пандев 17, Беласица 12.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот