Работнички Силекс ги поделија бодовите

фото: ФК Работнички

Работнички и Силекс одиграа 1:1 во првиот натпревар во 20. коло од Првата фудбалска лига. Домаќинот беше подобар тим на теренот на Националната Арена „Тодор Проески“ но, во финишот од натпреварот Силекс успеа да дојде до бод.
Токму Работнички ја имаше првата можност на натпреварот, но шутот на Стојкоски го одбрани Божиновски. Потоа имаше шанса и Силекс преку Ивановски но голманот на „романтичарите“ Јанков беше сигурен.
Работнички поведе во 53.минута, со првенецот на Никола Прелчец.
Во финишот, во 80.минута, Силекс успеа да израмни преку Галевски кој од непосредна близина ја затресе мрежата на Јанков.

Работнички со ремито дојде до 28 бода за петто место на табелата, додека Силекс има 23 бода на осмото место на табелата.
Фото: ФК Работнички

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот