18-годишен студент е лицето кое го извршило нападот на Универзитетот во Русија

Вооружен 18-годишник убил најмалку тројца,а а повредил најмалку четворица на Универзитетот во Перм, Русија/ Фото Twitter Screenshot

Вооружениот напаѓач од снимките кој упаднал во кампусот на Универзитетот Перм во истоимениот град во Русија, бил студент на Универзитетот, пренесува ТАС.

Според наводите на полицијата, напаѓачот од кампусот наводно е 18-годишниот Тимур Бекмансуров, кој се забарикадирал во една од училниците.

Студентите од кампусот прво го снимија напаѓачот со пушка како се приближува до зградата, а подоцна на социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како преплашени студенти скокаат од прозорците.

Според најновите информации од Russia Today, во нападот има најмалку 8 загинати, а најмалку 6 повредени.

Напаѓачот е уапсен од страна на полицијата.

На социјалните мрежи, непосредно пред нападот, Тимур го објаснил процесот со кој тој добил дозвола за оружје. Очигледно, како што пишува Индипендент,тој поминал неколку психолошки тестови, а тој рекол дека го избрал Универзитетот бидејќи пред четири години како таму „направил неколку сериозни грешки“.

“Откога се познавам себеси, отсекогаш сум размислувал за смртта. Не знам колку можам да убијам, но ќе направам се што можам за да понесам што повеќе од нив со мене”, напишал тој.

 

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Пукотница на руски Универзитет, најмалку тројца загинати, четворица повредени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот