Фото: РФМ

Лазаров објави список на играчи на кои ќе смета за Европското првенство

Селекторот Кирил Лазаров го објави поширокиот список на ракометари кои ќе конкурираат за настап на Европското првенство кое е на програмата на средината на јануари.

Во составот од 35 играчи се наоѓаат само двајца интернационалци: голманот Мартин Томовски кој блеска во Битигхајм, Германија, и левиот бек Михајло Младеновиќ од Кретеил, Франција. Сите останати ракометари доаѓаат од домашното првенство.

Поширокиот список на Македонија за ЕП:

Голмани: Никола Митревски (Еурофарм Пелистер), Мартин Томовски (Битигхајм), Марко Кизиќ (Алкалоид), Иван Галевски (Алкалоид), Васил Гогов (Вардар 1961)

Леви крила: Гоце Ојлески (Охрид), Петар Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер), Иван Џонов (Алкалоид), Марио Стојановски (Вардар 1961), Димитар Димитриоски (Прилеп)

Десни крила: Никола Костески (Алкалоид), Ненад Костески (Алкалоид), Ален Ќосевски (Вардар 1961), Александар Петковски (Алкалоид)

Средни бекови: Игор Ѓорѓиев (Алкалоид), Марко Митев (Алкалоид), Дамјан Митев (Алкалоид), Марио Танкоски (Вардар 1961), Мартин Ивановски (Алкалоид)

Десни бекови: Мартин Серафимов (Алкалоид), Томислав Јагуриновски (Охрид), Филип Николов (Бутел Скопје), Мартин Велковски (Алкалоид), Давид Савревски (Охрид)

Леви бекови: Филип Кузмановски (Еурофарм Пелистер), Павле Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер), Емилијан Ѓоргоски (Алкалоид), Михајло Младеновиќ (Кретеил, Франција)

Кружни напаѓачи: Жарко Пешевски (Еурофарм Пелистер), Милан Лазаревски (Вардар 1961), Валентин Карасманакис (Алкалоид), Марко Стојковиќ (Алкалоид), Самоил Ристевски (Еурофарм Пелистер)

Дефанзивци: Никола Маркоски (Алкалоид), Михаил Аларов (Алкалоид)

Македонија ќе се натпреварува во групата Б во Хернинг, Данска, против домаќинот Данска, како и Романија и Португалија. Двете најдобропласирани селекции ќе се пласираат во следната фаза.

 

Преземено од: Sport.com.mk

 

Талески со остри ставови: Не би го поздравил Лазаров, со Кузмановски не зборувам поради „лошо искуство“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот