Левиот репрезентативен бек Филип Талески во Стара Пазова, Србија/фото: РФМ

Талески со остри ставови: Не би го поздравил Лазаров, со Кузмановски не зборувам поради „лошо искуство“

Ракометарот Филиш Талески гостуваше во емисијата „Вистина или не“ на Јутјуб-каналот на „Канал 77“, каде без задршка одговори на повеќе директни и провокативни прашања.

На едно од нив, дали би го поздравил Кирил Лазаров доколку случајно го сретне на улица, тој јасно порача дека тоа не би се случило. Дополнително истакна дека силно сака да игра за македонската репрезентација, но, како што рече, постојат луѓе што спречуваат тоа да се реализира.

Талески проговори и за односот со Филип Кузмановски, откривајќи дека не комуницира ниту приватно ниту службено со него. Причината, според него, лежи во минато искуство од кое извлекол лошо чувство.

„Никому не посакувам зло, но кога некој ќе ми направи нешто лошо, едноставно се оддалечувам“, изјави Талески, додавајќи дека за деталите треба да се праша Кузмановски.

Изјавите предизвикаа големо внимание во ракометната јавност, оставајќи простор за нови прашања и потенцијални реакции од засегнатите страни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот