14 лица, меѓу кои и родители, се повикани во станица за врсничкото насилство во Ѓорче, вели Тошковски
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека 14 лица се повикани на разговор во врска со врсничкото насилство кое се случи во скопската населба Ѓорче Петров, каде три девојчиња брутално малтретирале и понижувале нивна соученичка.
Препорачано
Тошковски нагласи дека сериозно се истражува овој случај и дека меѓу повиканите се и родителите на трите ученички, осомничени за малтретирање на нивната соученичка.
„Ова е сериозен проблем кој нè засега сите и кој ќе остане во фокусот на Министерството за внатрешни работи. Четиринаесет лица се повикани на разговор, а за дел од нив ќе следуваат соодветни процесни дејствија. Во рамки на предметот е вклучено и Јавното обвинителство и се постапува по насока на надлежен јавен обвинител – изјави Тошковски и додаде дека за дел од повиканите може да следуваат соодветни процесни дејствија.
Тој нагласи дека се работи за малолетници, па јавноста ќе биде информирана внимателно и со ограничени детали. Според Тошковски, потребно е сите општествени чинители да се вклучат во справувањето со овој проблем, кој, како што рече, е присутен, иако секогаш не е видлив во јавноста.
Во случајот е вклучено и Јавното обвинителство, кое постапува по насока на надлежен јавен обвинител.
Министерот нагласи дека полицијата има континуиран фокус и на врсничкото насилство, иако во јавноста во последно време доминираат теми поврзани со семејно насилство. Според него, решавањето на ваквите случаи бара координиран и системски пристап од сите релевантни институции, образовни, социјални и безбедносни. Особено ја истакна улогата на родителите во воспитувањето и однесувањето на децата.
Приведен гостиварец, се сомничи дека силувал малолетничка, па објавувал снимки на социјалните мрежи
Тошковски исто така најави значителни зајакнувања на ингеренциите и капацитетите на полицијата во борбата против семејното насилство.
„Фокусот ќе биде на потенцијалниот сторител на насилство, без оглед дали е сопственик на објектот или не, и без оглед каде насилството е извршено. Ова претставува суштинска разлика во однос на досегашните решенија и е целосно усогласено со Истанбулската конвенција – нагласи Тошковски.
Според него, ваквите решенија ќе обезбедат двојна заштита – и за жртвите и за полициските службеници кои, како што рече, професионално постапуваат. Паралелно, се развива и интелигентен систем кој ќе овозможи прибирање аудио и видеодокази преку мобилни уреди, со согласност на жртвата, што дополнително ќе ја зајакне доказната постапка.
Приведен гостиварец, се сомничи дека силувал малолетничка, па објавувал снимки на социјалните мрежи


