Фото: Фејсбук / Патувања низ Македонија - Travelling around Macedonia

Вознемирувачко насилство меѓу деца во Ѓорче — три девојчиња гореле врсничка со цигари, ја терале да го лиже подот

Длабоко вознемирувачки случај на врсничко насилство е забележан во скопската населба Ѓорче Петров, каде три девојчиња, ученички во основно училиште, брутално малтретирале и понижувале врсничка, објави „Канал 5“.

Ова се случило пред точно еден месец, на 27 март, а било пријавено на 7 април, кога медиумите го објавија случајот, за кој МВР во дневниот билтен наведе многу штури информации.

Според „Канал 5“, станува збор за деца од шесто одделение, кои би требало да имаат 11 или 12 години. Трите млади насилнички ја навредувале нивната врсничка, по што насила ја однеле на вовчето во паркот во Ѓорче Петров, каде ја гореле по телото со цигари и, како што неофицијално се наведува, го принудувале девојчето да лиже кучешки измет од подот. Овој ужасен чин, како што е пријавено и во полицијата, девојчињата го снимале.

Од Министерството за внатрешни работи за „Вечер“ велат дека родителите на девојчето пријавиле оти врсничките во два наврати на крајот на минатиот месец ја нападнале нивната ќерка.

„Пријавено е дека малолетно девојче, во два наврати, било физички нападнато од неколку малолетнички од истото училиште. Извршени се службени разговори во присуство на родителите, прибрани се материјални докази, меѓу кои и видеозаписи, и во координација со ОЈО се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од полицијата.

Голема група деца нападнале 13-годишно момче во Аеродром, му извадиле нож и снимале

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот