13 тајни кои потонаа заедно со Титаник

Фото: Принтскрин

За Титаник велеле дека е неуништлив, дека никогаш нема да потоне и дека е најдобриот брод во своето време.

Како тогаш овој прочуен брод не успеа да го заврши ниту првото патување, а од него останаа само остатоци кои веќе со години се на дното на океанот?

Постојат и многу теории на заговор, но ова се 13 прашања и тајни кои потонаа заедно со овој брод.

Дали тоа навистина беше Титаник?

Постојат теории дека запловила копија на Титаник, наречена Олимпик, кој веќе бил оштетен од претходните пливања и дека намерно е потонат, носејќи 1.500 животи. Иако во оваа теорија има многу дупки, сепак има и одредени поклопувања, како што се сериските броеви на одредени делови од моторите, за кои во записите се внесени како дел од Олимпик, а се најдени во остатоците на она што треба да е Титаник.

олимпик и титаник

Пожар ја запечатил судбината на бродот

Според еден документарец, постојат наводи дека имало пожар во котларницата три недели пред да заплови, што ја заслабнало конструкцијата и го направило кршлив пред сантата мраз.

Зошто капетанот брзал низ ледената вода?

Луѓето верувале дека капетанот бил толку сигурен во бродот, што го управувал со полна брзина низ ледените води на северниот Атлантик. Тој сакал Титаник да биде првиот брод што ќе го помине овој дел со максимална брзина, за најкратко можно време дотогаш.

Како бродот се скршил на два дела?

Во 1985 година за првпат е откриено дека Титаник потонал скршен на два дела. Дотогаш мислеле дека потонал целосно, а шокираните преживеани не се сеќавале на голем дел од настанот. Со ова се потврдиле теории дека некои од инженерите штеделе на материјали.

титаник

Дали торпедо го потона Титаник?

Иако теоријата за ударот во санта мраз е прифатена како точна, постојат и оние кои тврдат дека Титаник бил нападнат од германски морепловци. Исто така можно е мешање со веќе споменатиот Олимпик, кој бил нападнат од германска флота, но не бил значајно оштетен.

Леден брег или огромна санта?

Едни велеле дека бродот удрил во леден брег, а други во санта мраз. Ако удрел во леден брег, според експертите, би потонал веднаш, па затоа теоријата дека се удрил во санта со повеќегодишни слоеви мраз е поприфатлива. Всушност, оваа теорија ја поткрепува и фактот што сантата, односно делот над водата бил проѕирен, па затоа и во ноќта тешко видлив за капетанот и екипажот.

Зошто екипажот немал двогледи?

Само еден член да имал двоглед со себе, Титаник можеби би имал многу поинаква судбина. Но, несреќниот сплет на околности направил двогледите да бидат заклучени во остава, а клучот да остане кај морнар кој претходниот ден пред испловувањето бил распределен на друг брод.

Зошто никој не ги сфаќал предупредувањата сериозно?

Постои верување, но и историски записи, дека капетан на бродот Калифорнијан предупредил дека во северниот Атлантик има огромни санти мраз. Но, оваа информација никогаш не стигнала до капетанот, бидејќи операторот ја маркирал како „не е итна“. Операторот загинал во несреќата.

титаник
титаник

Дали Калифорнијан е вмешан во несреќата?

Откако Титаник удрил во сантата, Калифорнијан бил на помалку од 20 километри од критичната точка. Екипажот на Титаник барал помош, но од Калифорнијан не одговориле на ниедна порака.

Постои и трет брод во приказната?

Во близина, наводно, бил и норвешкиот брод Самсон, кој можеби бил и на помалку од 20 километри од Титаник. И тие тврдат дека не ги примиле повиците за помош, но познавачите велат дека екипажот се плашел да не биде обвинет за нелегален лов на фоки, па дури и мислеле дека тоа е некаква мамка.

Дали ова било план на финансиерот Пи Џеј Морган?

Тој бил еден од сопствениците на компанијата која ги градела Олимпик и Титаник, а во тоа време и еден од најбогатите луѓе на светото. Иако требало да патува и тој, ниту Морган ниту семејството не се појавиле на пристаништето, што ги подгревало сомнежите дека тој знаел што го чека бродот.

Дали се работи за заговор за убиство?

Џејкоб Астор, Исидор Штраус и Бенџамин Гугенхајм се меѓу загинатите во Титаник. Сите тие биле ривали на Морган и наводно, потонувањето на Титаник е заговор за нивно убиство, кое нормално, го организирал самиот Морган.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот