13- годишно девојче се породило во тоалет во болница во Грција, не знаела дека е бремена

ФОТО: МИА

Тринаесетгодишно девојче од Грција викендов се породила во тоалет на болница на островот Наксос каде била примена поради болки во стомакот. Таа не ни знаела дека е бремена, но сепак и девојчето и бебето се добро.

Сè започнало минатата сабота, кога нејзините родители ја однеле во ургентниот центар во болницата поради силни болки во стомакот, кои ги препишувале на хроничен запек.

Педијатарот ѝ дал медикаменти за тој проблем, онака како што било пропишано во такви случаи. Но, кога докторот сфатил дека девојчето не излегува од тоалетот, отишол да ја најде и тогаш го видел бебето во мијалникот и папочната врвца како виси.

После тоа, 13-годишното девојче направило рендген за да се види дали има компликации и во отсуство на гинеколог е префрлена во болницата Сирос каде моментално е хоспитализирана со бебето.

Прототема пишува дека во болницата на Наксос немало ниту радиолог, поради што малолетничката не била подложена на ултразвук пред да се породи во тоалет. Семејството е постојано покрај неа.

„Таа е преплашена, но детски психолози ја следат. Замислете детето да каже дека го боли стомак, па на крајот да се породи. Породувањето почнало кога таа отишла во тоалет во болницата”, вели роднина на семејството.

Тој додаде дека семејството е во шок и дека таа била кај педијатар за време на бременоста, но никој не сфатил дека е бремена.

„Неодамна забележавме дека малку се здебелила, но не придававме значење“, вели роднината.

Како што пренесува Мега, малолетничката им открила на детските психолози дека татко на нејзиното бебе е нејзин школски другар, но нејзините блиски инсистираат да не се знае ништо за тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот