Фото: илустрација / Јутјуб / скриншот

12-годишно дете со електричен тротинет удрило во помало дете и тешко го повредило

Во несреќа која се случила во Беровско, 12-годишно дете, кое возело електричен тротинет, удрило во петгодишно дете, кое е тешко повредено, соопшти МВР.

„На 22.05.2026 околу 11:00 часот во ОВР Берово е пријавено дека во с.Црник, пехчевско, 12-годишен малолетник од с.Црник управувајќи електричен тротинет, удрил во петгодишно дете од истото село. Во несреќата петгодишното дете се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во Итната медицинска помош Пехчево. Увид на местото изврши екипа на ОВР Берово“, пишува во полициското соопштение.

Жена му однела јајца со кокаин и марихуана на сопругот во затворот Идризово

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот