Вашингтон објави нова воена помош за Украина од 100 милиони долари

Вашингтон / Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

На денот кога американскиот министер за одбрана Лојд Остин го посети Киев, САД објави нова воена помош од 100 милиони долари за Украина, која вклучува средства за воздушна одбрана, пишуваат медиумите во регионот.

Помошта вклучува химарски системи, артилериска муниција и противтенковски оружја, како и малокалибарско оружје, според изјавите на Пентагон и Стејт департментот.

Новата помош доаѓа од средствата кои веќе се одобрени од конгресот на САД, но сé повеќе се намалуваат бидејќи Конгресот чека Конгресот да усвои нов пакет помош за Украина кој го бара претседателот Џо Бајден, но допрва треба да биде изгласан поради противењето на републиканските претставници.

„Клучно е Конгресот да преземе активности за поддршка на Украина со усвојување на дополнителна буџетска помош”, се вели во соопштението на американскиот државен секретар Антониј Блинкен.

Американскиот министер за одбрана, Лојд Остин, го увери украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев дека Вашингтон ќе продолжи да ја поддржува Украина во борбата против руската инвазија.

САД се најголемиот донатор на воена помош на Украина, со вкупно 44 милијарди американски долари дадени од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот