Постер од филмот „Лолита“/Фото: Wikimedia Commons

10 забранети книги кои секој треба да ги прочита барем еднаш

Во 2023 година, бројот на книги кои биле мета на цензура се зголемил за 65 отсто во споредба со 2022 година, достигнувајќи највисоко ниво забележано од Американската библиотетска асоцијација (АЛА). Само во 2024 година, најмалку 2.452 уникатни наслови биле таргетирани за забрана. Главните цели на овие забрани се училишта и јавни библиотеки, а трендот расте експоненцијално од 2020 година и не покажува знаци на забавување.

На листите на забранети книги се повторуваат одредени теми. Според АЛА, книгите кои обработуваат LGBTQIA+ теми и животите на BIPOC заедниците (лица со различна боја на кожа) сочинуваат речиси половина од сите забранети наслови. Во чест на авторите и ликовите чии приказни биле оценети како „премногу чувствителни“, „Рил симпл“ (Real Simple) и нивните соработници направиле препораки за неколку забранети книги, со помош на 10 автори кои издвоиле дела што обработуваат теми од ропството и принудни миграции до „queer“ растење.

„All Boys Aren’t Blue“ – Џорџ М. Џонсон

„Искрена и ранлива, оваа автобиографија се занимава со тешки теми, но ги балансира со топли семејни приказни. Кога ја прочитав првпат, ми се чинеше сосема поразлична од сè што сум видела во литературата за млади. Обожавувам queer мемоари и се надевам дека забраните само ќе придонесат книгата да ја пронајде пошироката публика.“ – Мија Кобабе

„Nineteen Minutes“ – Џоди Пикулт

„Роман за пукање во училиште кој истражува ужасно реално сценарио – кога проблематичен, често злоставуван тинејџер ќе стане убиец. Оваа книга би можела да помогне во превенцијата на насилство со оружје… но за тоа луѓето мора да имаат можност да ја прочитаат.“

„The House on Mango Street“ – Сандра Сиснерос

„Краток, но моќен роман кој низ низа вињети го прикажува детството и адолесценцијата на Есперанза Кордеро во мексиканскиот-американски кварт на Чикаго. Забраните следеле поради теми како што се сексуалност, расизам и сиромаштија. Ми се допаѓа начинот на кој Сиснерос пишува, од дијалози до карактеризација, но јазикот е она што ја прави книгата магична: богат, топол и жив.“

„Beloved“ – Тони Морисон

„Тони Морисон во ‘Сакантата’ (Beloved) пишува со неверојатна длабочина, убавина и болка за расните тензии кои и понатаму ги преплавуваат САД. Но, вредноста на оваа книга ги надминува американските граници. Приказната за Сета и Денвер станува универзална парабола, раскажана со раскошен, елегантен и моќен стил. Оваа книга нè тера да плачеме, да чувствуваме, да станеме похумани.“

„Homegoing“ – Јаа Гјаси

„Прекрасна, потресна и незаборавна книга која секој треба да ја прочита. Сага која се протега низ три века, започнувајќи со приказната за две сестри од западна Африка кои засекогаш се разделени поради ропството. Забранета во многу заедници, што само докажува колку е моќна.“

„A Time to Kill“ – Џон Гришам

„Романот прикажува брутално, расно мотивирано силување на девојче и судењето на нејзиниот татко, кој од очај ги убива сторителите. Покрај тоа што е напнат трилер, книгата нуди јасен увид во сложениот однос помеѓу расизмот и американскиот правосуден систем. Иронично, често се забранува токму поради насилството и расизмот што ги осудува, но општеството никогаш не напредувало обидувајќи се да ги сокрие своите најголеми ужаси.“

„Lolita“ – Владимир Набоков

„Некои велат дека ‘Лолита’ треба да се чита поради емпатијата што ја буди кон ликот на Хумберт Хумберт, педофил, што покажува колку моќна е книжевноста да нè воведе во сосема поинакви реалности. Но, книгата треба да се чита и затоа што докажува дека уметноста може да настане и да преживее покрај омразата и предрасудите. Набоков, руски емигрант, напишал едно од најголемите дела на англиската литература, толку моќно што и денес сакаат да го забранат.“

„The Rabbits’ Wedding“ – Гарет Вилијамс

„Една од моите омилени забранети детски книги е објавена во 1958 година. ‘The Rabbits’ Wedding’, нежна и прекрасно илустрирана приказна за венчавка во шумата, била забранета во Алабама затоа што еден зајак бил црн, а другиот бел. Членови на Белата граѓанска лига тврделе дека книгата ‘поттикнува мешање на раси’.“

„The Handmaid’s Tale“ – Маргарет Атвуд

„Секогаш ми била омилена забранета книга. Моќна дистописка приказна за иднина во која владее цензура и тотална контрола. Хероината, жена чија плодност станала роба, е принудена да раѓа деца за богато семејство. Романот и денес е застрашувачки актуелен и потсетува колку лесно општеството може да се лизне кон тоталитаризам.“

„His Dark Materials“ – Филип Пулман

„Трилогија на фантастични романи полни со авантури и необични суштества, но под површината се крие филозофско прашање – свет без Бог. Книгите често биле мета на Католичката црква, но за мене беа прва средба со прашањето за постоењето, обвиткано во еден од највозбудливите фантазиски универзуми некогаш напишани.“

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот