10 симптоми кои може да откријат болести на црниот дроб

Profimedia
Фото: Профимедиа

Црниот дроб можеби не е најголемиот орган, но сигурно игра голема улога во заштитата на здравјето.

Исклучително е важен за варење на храната и чистење на организмот од токсини. Болестите на црниот дроб можат да бидат наследни, а исто така, и предизвикани од различни фактори како што се: прекумерна употреба на алкохол, дебелина, дијабетес, незаштитен секс или изложеност на хемикалии и токсини.

Aко проблемите не се лекуваат, тие може да доведат до сериозни оштетувања на црниот дроб, па дури и до откажување на црниот дроб, што е опасна по живот состојба. Раната дијагноза и раното лекување може да му помогнат на црниот дроб да закрепне и да спречи сериозни проблеми.

Симптоми на болести на црниот дроб

Болестите на црниот дроб не секогаш покажува симптоми и знаци кои би ги откриле, но ако се појават, тие вклучуваат:

– болка во стомакот
– отекување на нозете и глуждовите
– чешање на кожата
– темна боја на урината
– светла столица
– хроничен замор
– гадење и повраќање
– губење на апетит
– честа појава на рани и модринки
– жолтеникава боја на кожата и на белките на очите

Кога да посетите лекар?

Закажете преглед кај лекар доколку имате честа појава на симптоми и тие не поминуваат и ве загрижуваат. Ако болката во стомакот е силна и не можете да ја смирите, веднаш контактирајте го вашиот лекар.

Како да го заштитите здравјето на црниот дроб?

– Одржувајте здрава телесна тежина
– Избегнувајте токсини
– Алкохол во умерени количини
– Не делете ги личните хигиенски предмети
– Практикувајте сигурни сексуални односи
– Мијте ги рацете
– Вакцинирајте се
– Лековите користете ги според препораките на лекар

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот