Први парламентарни избори на Тајланд по превратот во 2014 година

EPA-EFE/DIEGO AZUBEL

На Тајланд денеска се одржуваат првите општи избори по државниот удар во 2014 година се. Околу 50 милиони гласачи ќе изберат 500 членови на Претставничкиот дом.

Тајланд е под директно воено владеење од државниот удар во 2014 година, кога тогашниот воениот командант и актуелниот премиер Прајут Чан-оча ја собори владата поврзана со поранешниот премиер Таксин Шинаватра, кој е во егзил. Тој беше соборен со државен удар во 2001 година и замина во егзил за да избегне затворска казна, а од 2001 година партиите поврзани со него победуваа на сите избори.

На изборите се очекува висока излезност, откако тајландскиот крал побара да бидат „поддржани добрите лидери за да се избегне хаос во земјата”. Сите телевизии на Тајланд го емитуваа едно од ретките обраќања на кралот Маха Ваџиралонгкорн, направено неколку минути пред отворањето на избирачките места.

Тајланд е уставна монархија и по традиција кралскиот двор не се меша во политиката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот