Ѕвездата од „Игра на тронови“ поради анорексија била на работ од смртта
Актерката Гема Велан (39), која гледачите ја запознаа во серијата „Игра на тронови“, јавно проговори за својата борба со анорексијата.
Препорачано
„Тоа е дел од мојот живот. Ако моето искуство му помогне на еден или на повеќемина јас сум должна тоа да го споделам со јавноста. Можеби ќе им помогнам да не се чувствуваат беспомошно и да сфатат дека сите можат да ја победат таа состојба. Мене моето искуство со анорексијата навистина ме обликуваше во личноста која сум денес“, раскажа Гема.
Актерката со анорексијата се сретнала уште кога имала 17 години. Тогаш таа била на работ од смртта, а процесот на закрепнување бил долг. Без помош од психотерапевтите, како што вели таа, не би успеала. Цели осум месеци ги поминала во болница.

„Кога си близу смртта и мораш да се соочиш со нешто така тешко на 17 години, заминувањето на психотерапија и целиот процес на лекување се многу долги, но тие само можат да те обликуваат како личност. Многу сум благодарна на тоа. Беше тоа голем дел од животот на моето семејство. Медицинскиот персонал беше прекрасен и тие се причината што денес сум личноста која всушност сум“, раскажа Гема.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
56мин
-
6час
-
7час
-
7час
-
8час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


