Ѕвездата на Портланд нема дилеми: Јокиќ е МВП

Никола Јокиќ уште еднаш докажа зошто беше МВП за минатата сезона/ фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Бекот на Портланд треилблејзерс, Демиен Лилард смета дека Стеф Кари не заслужува да биде МВП на регуларниот дел од сезоната во НБА лигата, туку признанието треба да го добие центарот на Денвер, Никола Јокиќ.
Во пресрет на плеј-оф серијата помеѓу Портланд и Денвер која започнува во недела, Лилард му оддаде респект на Јокиќ.
– Никола Јокиќ играше највеќе од сите. Ги одигра сите натпревар и играше фантастично. Џамал Мареј се повреди, Вил Вартон се повреди, но тие продолжија да играат добро – вели Лилард.

Главни конкуренти на Јокиќ за МВП признанието му се центарот на Филаделфија, Џоел Ембид и бекот на Голден Стејт, Стеф Кари, но за Лилард нема дилеми.
– Стеф имаше фантастична сезона, очигледно е дека мора да се зборува за него како еден од кандидатите за признанието, но не мислам дека тој ќе победи. Неговиот тим е осми во Западната конференција. Така да не гледам како наградата не ја дадете на Јокиќ или на Ембид. Лично за мене Јокиќ е МВП бидејќи Ембид пропушташе натпревари – смета Лилард кој потоа се осврна и на плеј-оф пресметката со Денвер нагетс.
– Сметам дека шансите се подеднакви 50-50. Тие ќе кажат дека треба да победат, исто како што и ние ќе кажеме дека можеме да победиме. Тоа што се случуваше во регуларниот дел од сезоната, сега во плеј-офот не се смета. Затоа мислам дека имаме подеднакви шанси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот