Зошто не е добро да се пие вода за време на јадење и како тоа влијае врз варењето?
Пиењето вода за време на јадење може да му нанесе повеќе штета отколку корист на организмот, бидејќи го нарушува и го отежнува функционирањето на дигестивниот систем, особено кај лица кои имаат проблеми со варењето, пишува „Е-клиника“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Доколку се прашувате дали треба да се пие вода за време на оброк, треба веднаш да се каже дека ова е навика што ја имаат многу луѓе, но од здравствен аспект се смета за една од најлошите. Новите сознанија укажуваат дека пиењето вода за време на јадење му прави повеќе штета отколку корист на организмот. Стручњаците истакнуваат дека оваа навика е особено неповолна за дигестивниот систем, а кај луѓе со проблеми со варењето, последиците може дополнително да се влошат.
Водата не е препорачливо да се пие за време на оброк поради три важни причини:
1. Желудникот има способност да „препознае“ кога ќе јадеме и веднаш започнува да лачи дигестивни сокови. Доколку во исто време пиеме вода, доаѓа до нивно разредување, што го забавува процесот на варење;
2. Водата се апсорбира преку ѕидовите на желудникот сè додека не достигне соодветна концентрација за да можат дигестивните сокови да делуваат. Во меѓувреме, содржината станува погуста, а количината на желудочен сок што се лачи е помала, што може да доведе до тоа несварената храна да продолжи низ дигестивниот систем и да предизвика киселинен рефлукс;
3. Пиењето вода за време на оброци може да влијае и врз нивото на инсулин, слично како храна со висок гликемиски индекс. Поголемото ослободување инсулин може да го зголеми ризикот од складирање масти во организмот.
Совети од стручњаците
Се препорачува вода да не се пие половина час пред и најмалку еден час по јадење. Доколку сепак е потребно да се пие вода за време на оброкот, тоа треба да бидат мали голтки. Поголеми количини вода можат да ја разредат хлороводородната киселина во желудникот, која е клучна за правилно варење на храната.
Пиењето вода за време на јадење може да предизвика надуеност, проблеми со варењето и да ја попречи апсорпцијата на хранливите материи. Исто така, поголема количина вода може да го исполни желудникот и да доведе до помал внес на храна, а со тоа и до недостиг на хранливи материи.
Затоа, се препорачува водата да се внесува помеѓу оброците, што може да помогне и во намалување на т.н. „лажен“ глад, кој често е резултат на жед и дехидратација.
Зошто нутриционистите велат дека најголемиот дел од водата треба да ја испиеме пред 16 часот?


