Зошто младите Јапонки не се мажат?

„Убаво облечено друштво на немажени жени кружи низ конференциската сала преполна со столици, незадолжително разговарајќи и разменувајќи свои биографии со цел да пронајдат брачен партнер. Сите се во друштво на родителите“.

Една 39-годишина жена, која на новинарите не сакала да им го открие името, вели дека „немала храброст“ да пронајде маж и да се отсели од мајка и, која дошла со неа на овие организирани состаноци кои во Јапонија се во се поголем број.

„Не сум имала многу прилики да запознаам некого“, објаснува таа. „Кај мене на работа има многу жени, а малку мажи“. Отприлика една четвртина од Јапонките од 20 до 49 години е немажена, покажуваат владините податоци. Не е дека тие тоа не го сакаат, туку застарените социјални норми и се поголемиот економски притисок ги отежнуваат венчавките, велат експертите.

Професорот по социологија од токискиот Универзитет, Машахиро Јамада вели дека, истовремено, кај дел од нив тој притисок го ублажува социјалната норма во склад со која самците живеат со родителите до бракот.

„Мислат дека е губење на време да влегуваат во врска со некој кој не ги исполнува нивните услови и дека можат да пронајдат нешто подобро“, тврди Јамада. Таквите лица ги нарекува „самци паразити“, и напоменува дека и високата цена на недвижнините во Јапонија го отежнува иселувањето од родителскиот дом.

Еден 74-годишен во истата сала е во потрага по погодна млада жена за својот 46-годишен син и укажува на дополнителен проблем – претераната срамежливост. „Мојот син е трговец. Добар е во односот со клиентите, но не знае да и пријде на жена“ – Зошто синот не си бара самиот жена? Презафатен е со работа, изјавил таткото.

Шигеки Матсуда, исто така универзитетски професор по социологија, вели дека се работи за феномен кој се нарекува хипергамија. „Јапонките настојуваат да пронајдат мажи со ниво на образование и работно место над нивното“, објасни Матсуда.

Анегдотата со организираните состаноци како да го докажува тоа. „Еден ред жени застанаа пред мажите кои, како што се покажало, имаат највисоки примања во салата“.

„Големиот процент на немажени нема да се промени се додека жените не ја прифатат идејата за венчавање со маж кој заработува помалку од нив“, вели Јамада.

Дали помагаат настани како овој во Токио за тоа да се промени? Шои Вакисака, водичот на организацијата кој ја организира оваа забава, вели дека успехот е ограничен. „Отприлика два проценти од учесниците во просек ќе го пронајдат својот партнер“.

Една учесничка пред новинарите изјавила дека тоа е „ефектен“ начин за средба со некој кој сака брак. „Не можете туку така било кој минувач на улица да го прашате дали си за брак“, додава нејзината мајка.

На забавата присуствувала и брачна советничка која веднаш учесниците ги советувала да ги намалат своите финансиски очекувања.

„Не барајте премногу. Се надевам дека ќе ја изберете онаа личност со која искрено ќе се согласувате“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот