Зошто е подобро да имате секс со запалено светло? Ова се 7-те предности!

Со вклучувањето на светлата, всушност се изложувате на вашиот партнер, создавајќи поголемо ниво на доверба меѓу вас и подобро се запознавате, тврдат психолозите.

Исто така, може да биде многу секси, затоа што можете да го погледнете вашиот партнер во очи и да видите какви се неговите реакции на вашето тело и задоволството што му го давате.

Ако сè уште се двоумите дали да водите љубов со запалени светла, ви откриваме неколку одлични причини кои би можеле да ве охрабрат да се збогувате од сексот во темница.

Можете да го направите во секое време

Ако водите љубов само во темница, тоа е доста ограничувачко затоа што мора да почекате да падне темнината за да го сторите тоа. Од друга страна, ако не ви пречи светлината, можете да водите љубов во секое време од денот. Наутро, после ручек, попладне… На овој начин можете да пробате секс наутро или да истражувате нови локации за секс.

Покажете му го вашето тело

Мажите се фасцинирани од женското тело, какво и да е. Ако е со вас значи дека му се допаѓате, затоа не бидете срамежливи да му го покажете своето тело. Тој обожава кога може да го види и почувствува вашето тело и ќе биде возбуден од фактот дека не сте срамежливи. Не грижете се, мажите не ги гледаат недостатоците онака како што самите ги гледаме во огледалото.

Бесплатен „еротски филм”

Водењето љубов во темница е одлично, но не можете да се гледате себеси во акција. Дали некогаш сте пробале секс пред огледало? Ако не, тогаш немате идеја колку може да биде секси. Тоа е како заедно да гледате еротски филм, но двајцата сте во главните улоги. Ако сте уште похрабри, можете да снимате додека водите љубов.

Може да го видите неговото задоволство

Мажите сакаат да ги гледаат жените додека имаат оргазам, и обратно. Во темнината не можете да го видите неговиот израз на лицето во климакс, што е многу секси и може дополнително да ве возбуди. Затоа, запалете го светлото, барем понекогаш.

Го намалува ризикот од повреда

Ова е особено точно во случај на водење љубов после пиење. Ако имате светлина тоа може значително да ви помогне да не се повредите за време на акција со страст, додека во темница ризикот од повреда се зголемува.

Тој може да види што прави таму долу

Мажите често се збунети кога станува збор за вагината на жената. Затоа вербалниот водич за време на предиграта е многу добар, а и светлината ќе помогне. Ова е многу важна точка, особено при орален секс.

Чувство на моќ

Покрај тоа што носи еден вид возбуда, светлината ви дава и чувство на моќ и еманципација. Затоа, прифатете ја вашата убавина и сексуалност и покажете му го на партнерот секој дел од вашето тело.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот