ЗОШТО ДА НЕ: Одбојкарската федерација го предвидува резултатот на Македонија-Словенија! (ФОТО)

Ekipa24.si

Да потсетиме, најдобрата македонска одбојкарска репрезентација настапи на првото Европско првенство и малку недостасуваше да обезбеди пласман во осминафиналето.

Иако не успеа во обидот да биде меѓу првите четири во групата, нашите одбојкари ги освоија срцата на љубителите на одбојката, со две победи, од кои една остварена над европскиот вицешампион Словенија.

Среде Љубљана пред полни трибини вистинско „лавовско“ срце покажаа одбојкарите совладувајќи ги Словенците со 3:1 во сетови.

Па токму таков резултат одбојкарската федерација на Македонија им посакува и на фудбалерите вечерва да слават против Словенија на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, 20.45 часот.

Мечот е од голема важност, со три бода сериозно ќе се вмешаме во борбата за едно од првите две места во групата кои водат на континенталниот собир.

Нека помине денот победнички на фудбалски план, а зошто да не помине и точна прогнозата од страна на Одбојкарската федерација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот