Зоран Милановиќ е новиот претседател на Хрватска

Милановиќ победи во девет жупании и во четири најголеми градови во Хрватска, а Колинда Грабар-Китаровиќ во 12 жупании, како и во дијаспората.

Кандидатот на СДП, Зоран Милановиќ е избран за нов претседател на Хрватска откако денеска во вториот круг од претседателските избори ја победи актуелната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ со разлика од над 105.000 гласови.

По обработени 99,85 отсто од избирачките места, поранешниот хрватски премиер освоил 52,70 отсто, односно 1.031.204 гласови, додека Грабар-Китаровиќ ја доби поддршката на 47,30 отсто од граѓаните, односно 925.764 гласови.

– Победа, како што ветив, изјави Милановиќ вечерва во својот изборен штаб.

Тој во својот победнички говор и се заблагодари на својата противкандидатка Колинда Грабар-Китаровиќ, што предизвика незадоволство и свирежи меѓу присутните во неговиот штаб.

– Ако некого премногу го „нагазив”, ако кажав некоја невистина, тоа не беше намерно. Јас од денеска или утре ќе функционирам и работам поинаку од досега. Хрватските граѓани ме избраа за претседател на Хрватска, на Хрватите и оние кои не се, и среќен сум поради тоа, истакна Милановиќ.

Тој изрази надеж дека ќе соработува со секој во извршната власт и сите партии на формално ниво ќе бидат исти, „бидејќи Хрватска е повеќепартиска парламентарна демократија, а се останато е пат кон автократија, тиранија, самоволие, грабеж и претседателот на тоа мора да биде брана, додавајќи дека Уставот мора да се почитува”.

Милановиќ победи во девет жупании и во четири најголеми градови во Хрватска, а Колинда Грабар-Китаровиќ во 12 жупании, како и во дијаспората.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот